Линкови за пристапност

Врховниот суд на Калифорнија ја потврди забраната за истополови бракови


Врховниот суд на Калифорнија во вторникот ја потврди забраната за истополови бракови за која претходно на референдум се изјаснија жителите на оваа американска сојузна држава, но затоа одлучи дека остануваат валидни околу 18-те илјади истополови бракови склучени пред забраната.

Поборниците за права на хомосексуалците веднаш протестираа пред зградата на Судот во Сан Франциско. Одлуката се однесува на поднесената тужба да се укине уставниот амндман на Калифорнија, попознат како Предлог 8, што претходно мина на референдум, а според кој бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена.

Претходно, Врховниот суд во мај минатата година реши дека истополовите бракови се заштитетни според уставот. Таквата одлука ги разгневи верските и социјални конзервативци кои потоа собраа доволно потписи за одржување на референдумот во ноември за забрана на истополови бракови. Предлогот 8 беше одобрен со тесно мнозинство.

Активистите кои се залагаат за истополови бракови решија да ја оспорат легалноста на референдумот, тврдејќи дека мнозинството не може да ги занемарува правата на малцинството.

XS
SM
MD
LG