Линкови за пристапност

Ден на одлука за Крајслер: дали ќе банкротира?


Американскиот автомобилски гигант Крајслер денес ќе побара од суд што решава за банкротирање да му дозволи да влезе во партнерство со италијанскиот Фиат, и така да се спаси од ликвидација.

Крајслер тврди дека партнерството е единствениот начин компанијата да избегне самата да се продава дел по дел. Продавачите на автомобили, сопствениците на акции и други вложија преку 100 приговори на партнерството, со кое најголемиот дел од имотот на Крајлсер ќе биде продаден на новата комапнија, предводена од Фиат.

И другиот гигант, Џенерал Моторс, има проблеми. Компанијата работи благодарение на владината помош од 19 милијарди долари и има краен рок до 1 јуни, или драстично да ги намали трошоците и да се реструктира, или да банкротира.

XS
SM
MD
LG