Американскиот Оддел за правда соопшти дека за 74 притвореници кои биле држени во притворниот центар Гвантанамо на Куба (или еден на секои седдумина пуштени), или е потврдено, или пак постои сомневање дека се вратиле на тероризмот.
Властите во вторникот објавија дека од над 530 пуштени притвореници, за 27 е потврдено, а за 47 има сомневања дека повторно се вклучиле во терористички дејствија.
Статистиката е објавена во време на жестока дебата во официјалните кругови во Вашингтон за тоа каде да се испратат притворениците доколку Гвантанамо биде затворен. Американскиот претседател Барак Обама се заложи за негово затворање до 2010-та, но Сенатот, кој е под контрола на демократите, минатата недела ги блокираше средствата што владата ги побара за затворање на објектот.