Линкови за пристапност

Свински грип: 95 смртни случаи досега и 13.398 заболени во 46 земји


Свинскиот грип се шири: Бахреин, Романија и Сингапур се последните две земји кои јавија за први случаи на грипот на своја територија. Според СЗО, досега има 95 смртни случаи и 13.398 заболени во вкупно 46 земји.

Австралиски здравствени лица јавија дека бројот на потврдени случаи за заразени со вирусот Х1Н1 во земјата се удвоил на 61. Поголем дел од случаите се регистрирани во сојузната држава Викторија, каде се хоспитализирани 33 лица, меѓу кои и група деца. Министерот за здравство Никола Роксон очекува значителен пораст на заразени во наредните денови.

Здравствените лица во Нов Јужен Велс се мета на критика затоа што во понеделникот им дозволиле на патници од луксузен брод на крстосување да слезат на копно и покрај стравувањата за појава на вирусот на бродот. Вкупно 14 од нив потоа биле дијагностицирани со свински вирус.

Избивањето на свински грип во Австралија се совпадна со почетокот на сезоната на грип во јужната хемисфера.

XS
SM
MD
LG