Линкови за пристапност

23 загинати во напад сo автомобил-бомба во Пакистан


Напаѓачи-самоубијци активирале автомобил-бомба пред полициска станица во градот Лахоре во источниот дел на земјата, при што загинале 23 лица, а повредени се над 200, соопштија пакистански претставници.

Министерот за внатрешни работи Рехма Малик ги обвини милитантите на Талебан дека стојат зад нападот. Малик кажа и дека нападот навидум е во знак на одмазда за тековната армиска офанзива во северозападниот дел нa земјата против Талебан.

Властите уапсиле четири осомничени во врска со нападот за кој никој досега не презеде одговорност. Напаѓачите го запреле возилото пред безбедносна барикада пред полициската станица, излегле од него и отвориле оган. Автомобилот потоа експлодирал на улицата преполна со луѓе.

XS
SM
MD
LG