Линкови за пристапност

САД и саудиските лидери ќе разговараат за цената на нафтата


Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс вели дека тоа е најверојатната агенда на средбата што доаѓа во време кога цената на сировата нафта е на највисоко ниво за последните шест месеци на берзата во Њујорк.

Цената на барел нафта за идно доставување нарасна за еден долар и достигна 63 долари и 45 центи.

Во меѓувреме, главни официјални лица од Саудиска Арабија и други членки од Организацијата на земји-извозници на нафта се сретнаа во Виена да дискутираат за производството и нафтените цени.

Членките на ОПЕК произведуваат околу 40 проценти од светското количество на нафта, но го намалија дупчењето за да се крене цената.

Аналитичарите предвидуваат дека министрите на ОПЕК ќе го одржат производството на исто ниво на нивната средба, која почнува в четврток.

XS
SM
MD
LG