Линкови за пристапност

Дипломирале на Беркли - на видео-игри


Вообичаено, видео игрите не се дел од образовниот процес, но за студентите на професорот Мајкл Свит, тие се задолжителен материјал.

„Последниве 12 месеци изработивме нова наставна програма, за да ги ангажираме децата во создавање на музика и друг аудио-материјал за видео-игри“, раскажува Свит.

Студентите учат како со музиката да доловат различни расположенија во видео-игрите - нешто слично на филмската музика.Но, кај видео-игрите студентите учат и техники како да ги задоволат варијантите по кои може да појде играта, бидејќи играчите се тие кои контролираат како ќе се развие таа.

„ Играчот е на некој начин режисер, така што музиката мора постојано да се адаптира за да изгледа дека е напишана за конкретниот момент на играта“, вели Филипо Бекпекоз, кој дипломирал на Беркли минатиот месец.Кога дошол на колеџот од Италија, таму немало интерактивна музичка програма.Бекпекоз формирал музички клуб за видео игри, каде по кусо време се зачлениле 300-тина. Клубот вршел притисок врз колеџот да ангажира композитор со искуство во интерактивните медиуми.Вистинскиот човек за тоа бил професорот Свит.

Беркли веќе подолго време ја истакнува поврзаноста меѓу музиката и технологијата.

„ Доколку се работи за игра од научната фантастика или нешто што се случува во вселената, во природата не постојат звуци поврзани со овие услови, и затоа тие треба да се произведат“, коментира Курт Бидервулф, кој раководи со Одделот за музичка синтеза, формиран пред 20 години.И неговите студенти се специјализираат за индустријата на видео-игри.

Беркли дури има и сопствен оркестар кој ексклузивно креира музика за видео-игрите.

Изминативе неколку години, продажбата на видео-игри ја надмина популарната и филмска музика.Музиката креирана за нив е се` попопуларна.

XS
SM
MD
LG