Линкови за пристапност

Денвер Нагетс израмнија на 2-2 против Лос Анџелес Лејкерс


Денвер Нагетс ги победија гостите од Лос Анѓелес, Лејкерс со 120-101 во четвртиот натпревар од финалето во Западната конференција во Ен-Би-Ај.

Чонси Билапс и Џеј Ар Смит постигнаа по 24 поени за Нагетс и така го надополнија индиспонираниот Кармело Ентони кој го заврши мечот со само 15 поени.

Коби Брајант кај Лејкерс имаше 34 поени, од кои 14 во последната четвртина. Следниот меч се игра во Лос Анџелес.

Во финалето на источната конференција Орландо Меџик водат со 2 – 1 против Кливленд Кавалирс во серијата најдобар од седум натпревари.

XS
SM
MD
LG