Линкови за пристапност

Поборниците за и против истополови бракови ја очекуваат одлуката на Врховниот суд на Калифорнија


Врховниот суд на сојузната држава Калифорнија е пред одлука за поднесената тужба да се оспори уставната забрана за истополови бракови, изгласана на референдум. Забраната, позната како Предлог 8, мина со мала предност на општите избори во ноември. Со овој амандман бракот се дефинира само како заедница меѓу маж и жена.

Поддржувачите на истополовите бракови ја оспорија легалноста на референдумот, истакнувајќи дека мнозинството не може да ги порекнува правата на малцинството.

XS
SM
MD
LG