Линкови за пристапност

Обама именува жена од латиноамериканско потекло за Врховниот суд


Американскиот претседател Барак Обама избра жена, судија на федерален апелационен суд од латиноамериканско потекло, за да го замени судијата во Врховниот суд што заминува во пензија.

Обама ја објави номинацијата на Соња Сотомајор утринава во Белата куќа.

Доколку биде потврдена од Сенатот, Сотомајор ќе биде првиот латиноамерикански судија во високиот деветчлен суд.

Претседателот Обама изминативе денови ги разгледуваше кандидатите за замена на судијата Дејвид Саутер.

Саутер беше номиниран од републиканскиот претседател Џорџ Херберт Буш, но налути многу конзервативци со неговите одлуки кои се толкуваа либерални, како што е поддршката на правото на абортус. Саутер беше судија во Врховниот суд 19 години и најави пензионирање на крајот на оваа сесија на судот, во јуни.

Претседателот кажа дека бара судија за Врховниот суд кој ги почитува принципите на американскиот Устав, и кој може да ги разбере и да се идентификува со надежите и страдањата на народот.
XS
SM
MD
LG