Додека расте довербата кај американските потрошувачи, цените на домовите остануваат ниски
Потрошувачката доверба сега е на највисоко ниво за последниве осум месеци.
Според податоците на „Конференс борд“, група што ја следи економската состојба во 15 поголеми индустрии во САД, забележан е пораст на индексот на начинот на кој просечните граѓани гледаат на економската ситуација и сега тој изнесува преку 14 проценти.
Експертите велат дека потрошувачите биле охрабрени од ниските каматни стапки за кредитите за домовите и подобрата слика на пазарот на акции.
Одвоен извештај пак вели дека цените на домовите во САД и натаму опаѓаат. Во документот објавен од компанијата „Стандард енд Порс/Кејс Шилер“ се наведува дека цените на недвижностите опаднале за околу 19 проценти споредено со истиот период минатата година.