Линкови за пристапност

Вашингтон вели дека Северна Кореја ќе „плати цена“


САД велат дека работат со меѓународната заедница да се обезбеди Северна Кореја „да плати цена“ ако не отстапи од актуелниот курс.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека државната секретарка Хилари Клинтон е во контакт со нејзините колеги, вклучувајќи ги Русија и Кина, со кои дискутира за заеднички одговор спрема Пјонгјанг за извршените нуклеарни тестови.

Портпаролот на Стејт департментот Јан Кели рече дека Советот за безбедност на ОН мора да излезе со силна резолуција, која според неговите зборови, „ќе донесе и некои последици“ за Северна Кореја.

Кели рече дека Советот за безбедност е обединет во увереноста дека е потребна нова резолуција. Тој одби да изнесе детали.

Кели рече дека вратата останува отворена за Северна Кореја да се врати на разговорите за нуклеарно разоружување, но додаде дека трпеливоста на САД не е бесконечна.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека Северна Кореја ги информирала САД за намерата да изврши нуклеарно тестирање. Тој рече дека ќе бидат потребни неколку денови пред САД да потврдат дека нуклеарната направа предизвикала сеизмолошки потреси кои беа регистрирани во претпладневните часови во понеделникот.

XS
SM
MD
LG