Линкови за пристапност

Од експлозија на бомба во Авганистан загинати тројца американски војници


Авганистанските и американските претставници велат дека во самоубиствен напад со автомобил бомба северно од Кабул, загинале тројца американски војници и тројца авганистански цивили.

Властите велат дека инцидентот се случил денеска кога автомобилот од типот „Тојота Корола“ полн со експлозив бил втурнат во конвој на НАТО.

Новинската агенција Ројтерс цитираше портпарол на авганистанскиот воен водач Гулбудин Хекматјар, кој вели дека зад нападот стои неговата милитантна група Хезб-и-Ислами.

Во меѓувреме, американската армија соопшти дека за време на вчерашната акција во јужната провинција Урузган, биле убиени осум талебански милитанти.

Американскиот претседател Барак Обама нареди распоредување на дополнителни 21.000 трупи во Авганистан, како засилување на актуелните 38.000 американски војници.

XS
SM
MD
LG