Линкови за пристапност

Нобеловката од Бурма сведочи во своја одбрана


Опозициониот лидер на Бурма, Аунг Сан Су Ки ги отфрли обвиненијата дека ги прекршила условите за домашен притвор со дозволување на американски натрапник да отседне во нејзиниот дом.

Добитничката на Нобеловата награда за мир од 1991, пред судот истакна дека еден од нејзините помошници и кажал оти на 4-ти мај, Џон Јетав пристигнал во нејзиниот дом откако го препливал езерото. Су Ки кажа дека на Јетав му обезбедила „привремено засолниште“, до наредниот ден пред полноќ, кога си заминал.

Су Ки додаде дека не ги информирала воените власти за упадот на Јетав. Денеска беше вториот ден од судењето што треба да трае една недела. Бурманските власти дозволија присуство на странски новинари.

XS
SM
MD
LG