Линкови за пристапност

Обама побара од светот да се спротивстави на Северна Кореја


Американскиот претседател Барак Обама вели дека светот мора да се спротистави на Северна Кореја, додека меѓународната заедница луто реагираше на понеделничкиот нуклеарен тест и лансирање на три проектили со кус дострел.

Зборувајќи во Белата куќа Обама кажа дека нуклеарните и програмите за балистички проектили претставуваат „тешка закана" за мирот и безбедноста во светот. Последниот нуклеарен тест го нарече „неодговорен" и „отворено прекршување на меѓународното право".

Американскиот претседател кажа дека Пјонгјанг бара посилен меѓународен притисок.

Висок армиски претставник, командантот на американскиот здружен генералштаб, адмиралот Мајкл Мулен, кажа дека севернокорејскиот тест не е изненадување и е дел од, како што рече, се поголемо пркосење на Пјонгјанг.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кажа дека е длабоко вознемирен. Тој рече дека секаков нуклеарен тест е јасно непочитување на резолуцијата на Советот за безбедност од 2006 со која се забрануваат такви акти. Генералниот секретар за Асошиејтед прес кажа дека се надева оти Советот за безбедност ќе преземе неопходни мерки што ќе кореспондираат со потегот на Северна Кореја.

Шефот за надворешна политика на Европската Унија Хавиер Солана се закани со „цврста реакција" по како што рече „неодговорните акти" на Северна Кореја.

Франција, што е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, повика на строги нови санкции спрема Северна Кореја.

Остро реагираа и Русија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG