Во САД се слави Денот на сеќавањето, национален празник за оддавање почит на оние кои го дале животот служејќи во армијата на државата.
Претседателот Барак Обама ќе положи венец на Гробот на незнајните на арлингтонските национални армиски гробишта каде се закопани останките на повеќе од 300 илјади Американци, членови на армиските служби кои се бореле во конфликти што датираат уште од американската Граѓанска војна, пред околу 150 години.Церемонии и специјални настани се одржуваат низ целата
држава.
Денот на сеќавањето е исто така и неофицијален почеток на
летната сезона, кога Американците патуваат на плажи, уживаат во скараво нивните дворови или пак работат на домашни
проекти.
Вчера илјадници моторциклисти од целата земја се
собраа во Вашингтон за нивното годишно оддавање почит навоените ветерани.
Учесниците на „Тркалачката грмотевица“ се
собираат да го свртат вниманието на случаи од американскиотармиски персонал што може да се воени
затвореници или исчезнати во акција, од сите досегашни војни.
Моторциклистите возеа од Пентагон преку реката
Потомак во Вашингтон, каде минаа крај Споменикот навиетнамските
ветерани, во нивнотоопкружување
на Националното шеталиште.