Линкови за пристапност

Обама ќе го потпише новиот закон за кредитни карти


Американскиот претседател Барак Обама ќе ги потпише реформите во индустријата на кредитни картички, а законот ќе значи воведување на големи промени во начинот на кој компаниите кои издаваат кредитни картички ги третираат милионите корисници.

Критичарите на работењето на овие компании велат дека тие ги ставаат во заблуда и ги мамат корисниците со своеволното зголемување на каматните стапки на постоечките заеми, како и преку нечесното додавање на други давачки и услови.

Критиката додава дека договорите за кредитни картички смислено се напишани со збунувачки правен жаргон и испечатени со ситни букви.

Компаниите кои издаваат кредитни картички, како една од жртвите на рецесијата, се обидуваат да ги покријат загубите преку воведување на најразлични давачки и зголемување на каматните стапки.

Обата дома на Конгресот со огромно мнозинство гласови ја усвоија мерката, иако банките и компаниите за кредитни картички рекоа дека промените би можело да значат оти во иднина се` помалку луѓе ќе бидат во можност да ги користат.

XS
SM
MD
LG