Американскиот државен секретар Хилари Клинтон соопшти дека наредниот месец ќе патува во Грција за неформалната средба на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Засега не е познат точниот датум на патувањето, но се знае дека Грција е домаќин на наредната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки ОБСЕ, закажана за 27-ми и 28-ми јуни на островот Крф. Грција во моментов претседава со ОБСЕ во чии рамки се расправа за регионалните безбедносни прашања, вклучувајќи го актуелниот спор меѓу Русија и Грузија.
Русија се противи на планот за дозвола на 20 невооружени воени набљудувачи од ОБСЕ, да останат во Грузија и по истекот на рокот во јуни. Набљудувачите беа распоредени во оваа земја по краткотрајната војна меѓу Русија и Грузија минатата година.