Линкови за пристапност

Вашингтон Пост: Администрацијата на Обама ќе го насочи  Џи-Ем кон банкротство


Извештај на Вашингтон Пост вели дека администрацијата на Обама се подготвува да го турне американскиот автопроизводител Џенерал Моторс во банкротство следната недела.

Весникот објави дека Џи-Ем, кој доби повеќе од 15 милијарди долари итна помош од американската влада, ќе прими дополнителни 30 милијарди според планот за банкротство.

Ројтерс истакна дека неименуван извор кој ја следи ситуацијата демантира дека Белата куќа планира да го придвижи Џи-Ем во банкротство.

Автопроизводителот има рок од владата до 1-ви јуни да ги реструктуира операциите или во спротивно ќе биде принуден да поднесе барање за банкротство.

Џи-Ем склучи времена спогодба со Унијата на автопроизводители и Одделот за финансии за нов договор кој ќе ги задоволи барањата на владата за намалување на трошоците на работната сила како и за редуцирање на долгот.







XS
SM
MD
LG