Линкови за пристапност

Koмисија на Претставничкиот дом усвои легислатива за климатските промени


Надлежната комисија усвои закон за сузбивање на климатските промени – неколку дена откако демократските законодавци постигнаа компромис за мерката.

Комисијата за трговија и енергетика при Претставничкиот дом го одобри законот со 33-25, а гласањето беше по партиска линија - демократите гласаа „за“, а Републиканците беа против.

Клучен дел од законот овозможува бизнисите да можат да купат дозвола за емисија на издувни гасови во атмосферата од други компании кои користат помалку енергија.

Законот исто така повикува на 17-процентно намалување на севкупната емисија на издувни гасови под нивото во 2005-та, до 2020-та.

Претседавачот на комисијата Хенри Ваксман и други првично бараа 20 процентно намалување, но се договорија да го намалат барањето по противењето од демократите кои претставуваат сојузни држави кои се зависни од фабриките на јаглен и други тешки индустрии.

XS
SM
MD
LG