Контролорите за приземјување во американската вселенска агенција НАСА ја откажаа првата закажана можност за враќање на спејс-шатлот Атлантис на Земјата по успешната мисија за поправка на вселенскиот телескоп Хабл.
Метеоролозите велат дека има големи шанси за грмотевици над вселенскиот центар Кенеди во Флорида, каде требаше Атлантис да слета. Шатлот има втора можност за слетување подоцна во текот на денот.
Седумчлениот екипаж на шатлот направи историја кога станаа први астронаути кои сведочеа пред конгреснa комисија од вселената. Екипажот преку сателит се вклучи на панелот во американскиот сенат каде се разгледуваше буџетот на НАСА.
Претседателот Обама бараше 18,7 милијарди долари од Конгресот за буџетот за вселенски истражувања за 2010-та, што е зголемување во однос на претходната година за околу пет проценти.
Астронаутите лобираа кај конгресмените за поголема поддршка за НАСА.