Линкови за пристапност

Американскиот сенат одобри финансирање за војните


Американскиот сенат одобри 91.3 милијарда долари за воените операции во Авганистан и Ирак, но не даде средства за затворање на притворниот центар Гвантанамо.

Сенаторите ја усвоија мерката доцна во четвртокот со 86 гласови „за" и три „против". Дел од парите ќе се употребат за зголемување на нивото на војници во Авганистан, што е приоритет за претседателот Обама. Но ускратувањето на средства за Гвантанамо може да создаде конфликт со претседателот, кој вети дека ќе го затвори објектот до почетокот на следната година.

Мерката на сенатот сега треба биде усогласена со онаа на Претставничкиот дом – со која беа одобрени 96.7 милијарди, пред конечната верзија да биде испратена за одобрение во Белата Куќа.

Во верзијата на Претставничкиот дом исто така е изоставено бараното финансирање од 80 милиони долари за затворање на објектот Гвантанамо.

Законодавците тврдат дека било преурането да се финансира затворање пред да има утврден план за тоа што ќе се прави со 240 затвореници кои се таму сместени.

XS
SM
MD
LG