Линкови за пристапност

Веб страница во избор на Гласот на Америка - WorldHum.com


Интернетот изобилува со веб страници за луѓе кои сакаат да патуваат – места каде можете да направите резервација за одмор или да добиете препорака за најдобрите туристички атракции.

Нашиот избор на веб страница е поинаков од останатите.

„World Hum е веб страница која нуди најразлични информации за љубителите на патувањето. Не се работи за тоа да им кажеме на луѓето каде да престојуваат или што да јадат. Ние се фокусираме на страста за патувањето“, вели Џим Бенинг, ко-уредник на WorldHum.com.

Еден патеписец ги следи стапките на својата баба во Италија. Друг сака да ги набљудува птиците во Оклахома. Со појавата на свинскиот грип и опасноста од негово ширење, еден странски известувач на WorldHum.com објави напис посветен на неопходното патување наспроти патувањата кога се има избор.

Во основа голем дел од објавените статии содржат квалитетен стил на пишување.

„Неодамна објавивме листа на најдобрите кафетерии во светот. Имавме изобилство коментари, на некој начин дебати за тоа кој град нуди најдобро кафе. Во моментов работиме на статии за најдобра храна во светот. Сметам дека секој од нас едноставно ужива во јадењето и затоа сите сакаме и да читаме за храната“, вели Бенинг.

Џим Бенинг додава дека оние кои ги нудат своите искуства од патувањата се всушност професионални писатели со фокус на патувањето.

На WorldHum.com ќе пронајдете прекрасни приказни, како и виртуелни прошетки по локациите за кои сте заинтересирани.

XS
SM
MD
LG