Линкови за пристапност

НБА: Меџик ги совладаа фаворизираните Кавалирс


Орландо Меџик се врати од негатива од 15 поени и ги порази Кливленд Кавалирс со 107-106 во првиот натпревар од серијата најдобар во седум во финалето на источната конференција на НБА.

Центарот на Орландо Двајт Хауард постигна 30 поени и имаше 13 скокови, додека соиграчот Рашард Луис постигна дополнителни 22 поени, вклучувајќи и тројка на 14 секунди пред истекот на натпреварот.

Леброн Џејмс од Кавалирс постигна личен рекорд во плеј-оф натпреварите со 49 поени иако ова е прв пораз за неговиот тим Кливленд од завршувањето на регуларната сезона.

Вечерва во рамки на финалето на западната конференција играат Лејкерс и Нагетс. Лос Анѓелес води со 1 спрема 0.

XS
SM
MD
LG