Линкови за пристапност

Договор меѓу Џенерал Моторс и владата за намалување на трошоците


Најголемиот производител на автомобили во САД, Џенерал Моторс, се чини дека постигна еден од најважните договори што очајно му беа потребни за да преживее.

Синдикатот што ги претставува вработените на Џенерал Моторс денеска истакна дека постигнат е привремен договор меѓу компанијата и американската влада за промени во работните договори со автомобилскиот гигант.

Синдикатот додаде дека договорот вклучува и промени во фондот за здравствена заштита за пензионираните работници на Џенерал Моторс, вреден неколку милијарди долари.

Засега не се познати деталите од планот кој допрва треба да биде одобрен од членовите на синдикатот.

Џенерал Моторс опстојува благодарение на 15-те милијарди вонредна помош што ја обезбеди владата.

Своевремено еден од најголемите производители на автомобили во светот, Џенерал Моторс има рок до 1-ви јуни да постигне договори со синдикатот и инвеститорите за драстично намалување на трошоците, бидејќи во спротивно ќе се соочи со банкротство.

XS
SM
MD
LG