Линкови за пристапност

Чејни: Суровите техники на испрашување – правилна одлука


Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни застана во одбрана на употребата за сурови техники на испрашување дозволени од претходната администрација, велејќи дека биле потребни за да се добијат потребните информации од терористите и да се спасат американски животи.

Во говорот во Институтот „Американ ентерпрајс“ во Вашингтон, Чејни истакна дека претседателот Барак Обама и други владини претставници во голема мерка погрешно го сфатиле карактерот на дозволата на претходната администрација за употреба на таквите техники. Тој техниките ги нарече „неопходни“, „оправдани“, „успешни“ и „вистинка одлука“.

Претседателот Обама рече техниката, дозволена од претходната влада на потопување на главата во вода што симулира давење ја нарече мачење.

Чејни ја критикуваше намерата на Обама за затварање на американскиот притворен центар Гвантанамо на Куба, нарекувајќи ја одлука со „малку промисленост и без план“.

Поранешниот американски потпретседател воедно упати и критика за одлуката на администрацијата на Обама за обелоденување на документите со информации за употреба на техники за испрашување на лица осомничени за тероризам, дозволени од претходната администрација. Чејни истакна дека „непријателот“ сега точно знае против кои методи за испрашување да се обучува.

XS
SM
MD
LG