Линкови за пристапност

НБА: Лејкерс поведоа против Нагетс


Коби Брајант постигна 40 поени за победата на Лос Анѓелес Лејкерс врз Денвер Нагетс со 105-103 во првиот натпревар од серијата најдобар од седум во финалето на западната конференција на САД.

Соиграчот Пау Гасол уфрли 13 поени и имаше 14 скокови. Кај гостите од Денвер, најпрецизен беше Кармело Ентони со 39 поени, додека Чонси Билапс постигна 18 поени, вклучувајќи и три поени на шест секунди пред истекот на мечот.

Обата тима ќе ги одмерат силите во втор натпревар во четврток во Лос Анѓелес.
Во финалето на источната конференција, вечерва играат Кливленд Кавалирс и Орландо Меџик.

XS
SM
MD
LG