Светската здравствена организација соопшти дека цифрата на заболени од вирусот Х1Н1 на свински грип надминала 10 200, со 80 веќе починати.
СЗО јави дека мнозинството починати , 72ца, се во Мексико. Но, најголем број заболени, близу 5 500, има во САД.
Во средата, американски здравствени претставници во сојузната држава Мисури јавија за седмата жртва во САД. Властите додадоа дека 44-годишниот пациент бил дијагностициран со вирусот на свински грип откако се вратил од Мексико.
Тајван јави за прв случај на свински грип. 52-годишен Австралијанец допатувал во Тајпеј откако работел како лекар на луксузен брод во Њујорк.
Светската здравствена организација истакна дека вурусот се раширил во 40 држави, но не и во Тајван. Има потврдени случаи во Јужна и Северна Америка, Европа, Азија и Океанија.