НАТО соопшти дека при воздушен напад со еден од нивните авиони убиени биле осум цивили во јужен Авганистан.
Ова се случува среде контроверзата за гинење на голем број цивили во операции на НАТО.
Меѓународните сили предводени од НАТО потврдија дека нивни војници побарале воздушен напад во провинцијата Хелманд по судир со околу 25 бунтовници. Во соопштение НАТО вели дека милитанти користеле цивили како човечки штит.
Американската армија кажа дека истрагата покажала оти 20 до 30 цивили и околу 60 бунтовници се убиени во воздушните напади во поврзаните престрелки во провинцијата Фарах на 4-ти и 5-ти мај, инцидент кој предизвика жестоки протести.
Авганистанската влада претходно објави дека 140 цивили се убиени за време на воздушните напади во областа Бала Булак.
Вчера, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и новиот американски амбасадор во Авганистан, Карл Ајкенбери, се сретнале со повеќе од илјада цивили во главниот град Фарах.
Обајцата изразија жалење за цивилните жртви пред насобраните и се заложија деке ќе ги зголемат напорите такви инциденти во иднина да бидат избегнати.