Линкови за пристапност

Се урна индонезиски воен авион – најмалку 98 загинати


Индонезиски официјални лица соопштија дека воен транспортен авион се урнал во домови и се запалил во близина на воздушна база во Источна Јава, при што загинале 98 лица, а повредени се повеќе од 10-тина.

Портпаролот на индонезиските воздухопловни сили рече дека 15 лица ја преживеале несреќата, што се случила кога авионот се подготвувал за слетување во соседната воздушна база. Авионот Херкулес Ц-130 носел повеќе од 100 воени лица со нивните семејства, вклучувајќи и 10 деца.

Најмалку две лица се водат како загинати на земја од уривањето на авионот во населено место.

Сведоци рекоа дека виделе делови од авионот како паѓале од небото и слушнале експлозии.

Индонезиската телевизија покажа униформирани војници како извлекуваат тела од урнатиот авион. Опашката на авионот е единствениот дел кој не изгорел при падот.

Воени лица соопштија дека авионот бил во добра состојба и временските услови биле поволни пред уривањето на авионот, стар околу 30 години.

XS
SM
MD
LG