Линкови за пристапност

Ахмадинеџад: Иран тестираше проектил со домет до Израел и Европа


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад вели дека неговата земја тестирала нов усовршен проектил што наводно може да досегне до Израел, југоисточна Европа и до американските бази на Блискиот Исток.

Државните медиуми го цитираат Ахмадинеџад со изјавата дека иранската армија успешно лансирала проектил од типот „Сеџил-2“ со домет од околу 2.000 километри.

Тој истакна дека проктилот ја постигнал целта.

Ова е нова верзија на проектилот земја-земја што Иран успешно го тестираше минатиот ноември. САД го осудија овој чекор нарекувајќи го прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Ахмадинеџад претходно ги затегна осносите со западните земји и се закани дека ќе го избрише Израел од географската карта. Израел не отфрли воена интервенција врз иранските нуклеарни објекти.

XS
SM
MD
LG