Линкови за пристапност

Бајден го поддржува влегувањето на Србија во ЕУ


Американскиот потпретседател Џо Бајден не очекува Србија да ја признае независноста на Косово како „предуслов“ за поддршка на САД за аспирациите на Белград за членство во ЕУ.

Бајден ова го изјави по разговорите со српскиот претседател Борис Тадиќ.

Тој вети дека САД ќе го искористат своето влијание, енергија и ресурси за промоција на аспирациите на Србија за европска интеграција и покрај длабоките разлики околу статусот на Косово.

Претседателот Тадиќ по средбата со Џо Бајден го повтори ставот против независноста на Косово, но додаде дека актуелната влада се залага за најдобри можни односи со Вашингтон.

XS
SM
MD
LG