Линкови за пристапност

Се повеќе американски компании ги мотивираат вработените да бидат здрави


Грижата за здравјето на вработените е поттикната од податоците за намалена продуктивност заради здравствени причини, како и огромните трошоци на работодавците за здравствена заштита. Минатата година во САД за здравствена заштита се потрошило двојно повеќе од тоа што „изела“ инфлацијата.

Финансиските стимулации се важен фактор да се мотивираат Американците да го подобрат здравјето. Еве еден пример од Флорида:

Дејв Хојли, дијабетичар, има рутина на физичка активност. Но така е откако е вклучен во програмата на неговата фирма која му овозможи една година да ги користи бенефициите што му се понудени за да се справи со болеста. Тој вели дека е сигурен оти имало денови кога без дилеми знаел дека болеста му пречи да биде попродуктивен на работа.

На истата линија размислувал и работодавецот на Холи - локалната управа на општината Оринџ во централна Флорида. На вработените им била понудена финансиска помош за справување со дијабетисот.

За да се квалификува, Холи мора редовно да го мери количеството на шеќер во крвта, да ги праќа резултатите на лекар, и да присуствува на состаноци да научи за болеста и за методите на третман.

Ерлин Кавалир ја надгледува програмата. Таа вели дека секој месец, секој од учесниците потенцијално може да биде отстранет од програмата ако не ги почитува правилата.

Според нова студија, близу 60 проценти од најголемите американски организации нудат програми за подобрување на начинот на живот на своите вработени.

Студијата, пак, што ја изготви работодавецот на Холи најде дека околу 40 проценти од вработените имаат дијабитис или се во ризик да добијат дијабетис. Осумдесет проценти имаат проблеми со телесната тежина, што ги става во опасност не само од шеќерна болест, туку и од срцеви болести.

Денес, деведесет проценти од вработените во општината Оринџ, во Флорида, учествуваат во некакви програми за подобрување на начинот на живот.

Дејв Холи вели дека таквите програми му помагаат да се справи со дијабетисот. Тој вели дека се надева оти ќе се ослободи од болеста до крајот на следната година, кога завршува владината програма.

Таквата можност е добра и за неговиот работодавец.

XS
SM
MD
LG