Линкови за пристапност

Акупунктура и болки во грбот


Популарноста за алтернативни третмани за болки во грбот наведе тим на истражувачи од Центарот за здравствени студии во Сиетл и други институции да ги споредат резултатите од конвенционалниот начин на лекување со оние од терапијата со акупунктура.


Повеќе од 600 лица зедоа учество. Истражувачите ги поделиле учесниците во четири групи.

Две од групите добиле различни видови на акупунктура. Третата група добила симулирана акупунктура, со чепкалки за заби. Нивните резултати беа споредени со оние добиени од контролната група, врз кои била спроведена „вообичаена нега“, односно лекови, физикална терапија и слично.

Истражувачите дојдоа до сознание дека акупунктурата е многу поефикасна отколку вообичаената медицинска нега. На пример, пред да почнат третманите, учесниците со болки во грбот кажале дека заради болките не можеле да изведуваат во просек 11 активности. Раководителот на студијата, доктор Ден Черкин, вели дека оние кои добиле вообичаена нега, потоа не можеле да изведуваат девет активности, а оние кои биле подложни на акупунктура или симулирана акупунктура рекле дека не можат да изведуваат во просек шест активности.
Ова се резултати по седум-неделен третман со акупунктура. Некои од ефектите, според доктор Черкин, траат околу една година.

Доктор Черкин вели дека нема значителна разлика базирана на видот на акупунктурата, па дури и дали се работи за симулирана акупунктура.

Тој вели дека големи предности за пациентот нема кога се работи за ставање игли на места од грбот, во споредба со стимулирање на точките за кои се верува дека ќе донесат резултати.

Черкин вели дека неговата студија сугерира дека ако имате болки во грбот и кога вообичаениот начин на лекување на функционира, може да ја разгледате можноста за акупунктура:

„Мојата порака до пациентите би била дека акупунктурата има потенцијал да понуди ослободување на болката откако други третмани не помогнале. Сите пациенти во истражувањето до тогаш немале пробано акупунктура, но само еден на петмина имал корист од таков вид алтернативен третман и тоа на кус рок.“

За лекарите, Черкин вели дека порака би гласела - акупунктурата е разумно решение за пациенти кои немаат резултати од другите третмани и кои имаат проблеми со земање лекови за спречување болка и смирување на воспаленија.

Студијата на доктор Черкин беше објавена неделавата во Архивот за интерна медицина на Американската медицинска асоцијација. Повеќе детали за стујата ќе најдете на веб-страницата: http://archinte.ama-assn.org/cgi/content/short/169/9/858 - Acupuncture study

XS
SM
MD
LG