Линкови за пристапност

Поправениот Хабл повторно во орбитата 


Американските астронаути го пуштија во орбита обновениот телескоп Хабл, каде се очекува да продолжи со мисијата за изучување на универзумот уште најмалку пет години.

Екипажот на шатлот Атлантис во вторник се збогува со 19 години стариот телескоп, со што ја завршија петтата и последна мисија за продолжување на животот на Хабл.

Астронаутот Меган Мекартур со помош на роботската рака внимателно го откачи Хабл од шатлот Атлантис и го пушти да се движи во орбитата.

Седумчлениот екипаж направи поправки на телескопот за време на петте амбициозни вселенски прошетки во исклучително опасна мисија поради отпадот што се движи на истата орбита.

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека телескопот сега има капацитет за подлабок поглед во вселенската и дека е од поголема помош за научниците.

За време на мисијата, астронаутите инсталираа нов софистициран инструмент, спектограф, кој ќе помогне да се регистрираат фотографии на планети, ѕвезди и новоформирани галаксии.

Атлантис треба да се врати во Вселенскиот центар Кенеди во Флорида в петок.

XS
SM
MD
LG