Американското градежништво постигна рекордно ниско ниво во април поради намалување на изградбата на станбени згради.
Одделот за трговија јави дека градежниците започнале 13 проценти помалку проекти, што е на рекордно ниско ниво.
Обемот на идните проекти за изградба, како и бројот на издаени дозволи за градење исто така падна на рекордно ниско ниво, што е обесхрабрувачки знак за инвеститорите кои се надеваат дека нивниот сектор оди во позитивен правец.
Економистите очекуваа благо зголемување на пазарот на домување кога продажбата и други индикатори покажаа дека има благо кревање од најниските нивоа.
Проблемите во пазарот за домување играа клучна улога во предизвикувањето на економската криза.
Додека бројот на продадени домови опаѓа, расте профитот на компанијата чија дејност е продавање предмети за поправки на домовите. Заработувачката на „Хоум Дипо“во последните три месеци, заклучно со мај, пораснала за 44 проценти, споредено со истиот период минатата година.