Денеска во Москва започнаа преговорите меѓу Русија и САД за постигнување нов договор за намалување на залихите за нуклеарно оружје.
Дводневните разговори треба да го заменат Договорот за стратешко намалување на вооружувањето од 1991 година, што истекува во декември.
Со разговорите се очекува да се надминат разликите меѓу двете страни пред планираната посета на претседателот Обама на Москва во јули.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ги поздрави руско-американските разговори.