Линкови за пристапност

Заострување на регулативата за автомобилите


Американскиот претседател Барак Обама се очекува денеска да претстави нови национални стандарди за испуштањето на штетните издувни гасови од автомобилите.

Експертите велат дека со стандардите за прв пат ќе се поврзе испуштањето на штетните гасови со километражата на возилото. Мерките ќе стапат на сила до 2011 и ќе важат за подоцнежните модели на автомобили.

До 2016 година се очекува со овој чекор да се намали испуштањето на штетните гасови во атмосферата за 30 проценти. Производителите на автомобили ќе треба да го подигнат нивото на економичност во потрошувачката на гориво на 35 милји за галон или 14,88 километри за еден литар.

Производителите се очекува да ги прифатат новите регулативи бидејќи тие одамна се залагаа за единствени национални стандарди за економичноста во потрошувачката на гориво и испуштањето на штетните издувни гасови. Новите мерки би требало да стават крај на спорот меѓу американските сојузни држави и авмобилските производители кои од своја страна сакаат да избегнат одредени правила во државите.

XS
SM
MD
LG