Линкови за пристапност

САД даваат нови 110 милиони долари помош за Пакистан


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон соопшти дека САД ќе достават дополнителна хуманитарна помош за околу двата милиони раселени лица во Пакистан, во висина од 110 милиони долари.

Клинтон ова го кажа од Белата куќа, велејќи дека средствата се наменети за меѓународните напори за помош на луѓето кои ги напуштиле своите домови во долината Сват, каде пакистанските трупи водеа жестоки борби со талебанските милитанти.

Секретарот Клинтон воедно кажа дека администрацијата на претседателот Обама се надева оти раселените лица ќе можат наскоро да се вратат во своите домови, и дека тоа ќе го направат безбедно и на доброволна основа. Таа рече дека Пакистан води тешка борба против милитантите во земјата.

Американскиот државен секретар додаде дека поразот на Талебан и Ал Каида не е од интерес само на Пакистан и регионот, туку и на САД.

XS
SM
MD
LG