Линкови за пристапност

Банките и натаму со проблеми


Според најавите, наскоро може да се очекува олеснување на процесот на добивање на заеми од банките, што може да поттикне глобално опоравување на економијата.

Клучното мерило за тоа колку чини за да се позајмат пари, денеска опадна на рекордно ниско ниво. Ова е поинаков тренд од кулминацијата на финансиската криза, кога дојде до нагло зголемување на цената за земање на кредит, што длабоко ги погоди компаниите кои имаа потреба од заеми за да можат да функционираат и да ги исплатат своите вработени.

Сепак, повеќето од поголемите банки ширум светот и натаму не се ликвидни и губат работни места.

Најголемата банка во Јапонија „Мицубиши Ју-Еф-Џеј“ денеска соопшти дека бележи загуба од околу 2,7 милијарди долари во изминативе 12 месеци, поради лошо инвестирање.

Холандскиот финансиски гигант „Еј-Би-Ен Амро“ вели дека ќе мора да елиминира околу 5.000 работни места по соединувањето со „Фортис Бенк Недерланд“. Британската „Лојдс Бенкинг Груп“ најави отпуштања на 625-мина од своите вработени.

Во меѓувреме, според извештај на весникот „Вол Стрит Џурнал“, преку 900 мали и средни банки во САД можно е да се најдат во истата ситуација, доколку дојде до влошување на економската ситуација.

XS
SM
MD
LG