Линкови за пристапност

Нова студија: Акупунктура – не нуди целосно отстранување на болки во грбот


Хроничната болка на грбот е честа појава и тешко е ефикасно да се излекува. Лекарите честопати сугерираат лекови или вежби или физичка терапија, но третманите не секогаш функционираат. Некои пациенти избираат алтернативи - како акупунктура.

Со оглед на популарноста за алтернативни третмани за болки во грбот, тим на истражувачи од Центарот за здравствени студии во Сиетл и други институции одлучија да ги споредат резултатите од конвенционалниот начин на лекување со оние од терапијата со акупунктура.
Повеќе од 600 лица зедоа учество, а истражувачите ги поделија во четири групи.

Две од групите добија различни видови на акупунктура. Третата група доби симулативна акупунктура со чепкалки за заби. Нивните резултати беа споредувани со оние, како што велат истражувачите, „вообичаената нега“ –лекови и физичка терапија.

Истражувачите дојдоа до сознание дека акупунктурата е многу поефикасна отколку вообичаената медицинска нега. На пример, пред да почнат третманите, учесниците со болки во грбот, велат дека се спречени да прават по околу 11 активности:

„Оние кои добиле вообичаена нега, се пожалите дека не можат да прават 9 активности, а оние кои биле подложни на акупунктура или симулирана акупунктура се пожалиле на шест активности кои не можат да ги извршуваат. Ова се резултати по седум-неделен третман на акупунктура. И некои од овие ефекти вообичаено траат една година“, вели доктор Черкин.

Водечкиот автор на студијата, Ден Черкин, вели дека нема значителна разлика базирана на акупунктурата – дури и кога се работи за симулирана акупунктура:

„Нема големи предности за пациентот, ниту пак кога се работи за ставање игли на места од грбот за кои се верува дека ќе се добие поефикасен резултат“.

Черкин вели дека неговата студија сугерира дека ако имате болки во грбот и кога вообичаениот начин на лекување на функционира, дури тогаш може да ја разгледате можноста за акупунктура:

„Мојата порака до пациентите би била дека акупунктурата има потенцијал да понуди ослободување на болката отколку други третмани кои не им помогнале. Сите пациенти во истражувањето досега не пробале акупунктура, но само еден на петмина, имал придобивки од таков вид алтернативен третман и тоа на кус рок“

За лекарите, Черкин вели дека порака би гласела дека акупунктурата е разумно решение за пациенти кои немаат резултати од другите третмани и кои имаат дополнителни проблеми од земањето лекови за спречување болка и воспалување.

Студијата на доктор Черкин беше објавена неделавата во Archives of Internal Medicine, кој го објавува американската медицинска асоцијација. Повеќе детали за акупунктурата може да погледнете на веб-страницата на -

http://archinte.ama-assn.org/cgi/content/short/169/9/858 - Acupuncture study

XS
SM
MD
LG