Линкови за пристапност

Се повеќе американски компании им нудат на вработените да останат здрави


Некои работодавачи во САД им нудат на своите работници финансиски стимулации да останат здрави во обид да ги намалат трошоците за здравствена заштита но и да и подобрат нивната продуктивност. Лани во САД, трошоците за здравствена заштита двојно се зголемија споредено со стапката на инфлација во 2008-ма.

Финансиските стимулации се важен фактор да се мотивираат Американците да го подобрат здравјето.
Вежбањето е важен дел од рутината на Дејв Хојли:

Хојли има дијабетис. Се вклучи во едногодишната програма каде добива финансиски стимулации од неговиот работодавец да се справи со болеста:

„Имаше денови каде знаев дека дијабетисот предизвикува недостаток од продуктивност на работното место“, вели Хојли.

Ова е една од причините што работодавецот на Хојли, локалната власт на Оринџ во централна Флорида одлучи да им понуди на вработените стимуланси за да се справат со дијабетисот.

За да се квалификува, Хојли мора да го измери количеството на шеќер во крвта на дневна база и да ги испрати резултатите на лекар, како и да присуствува на состаноци да научи за болеста и за дискутира за неговите цели:

Ерлин Кавалир ја надгледува програмата:

„Секој месец, потенцијално може да бидат отстранети од програмата ако не ги исполнуваат специфичните цели„, вели Кавалир.

Според неодамнешна студија, скоро 60 проценти од најголемите американски организации нудат програми за подобрување на начинот на живот на своите вработени.

Студијата која ја изготви работодавецот на Хојли пронајде дека околу 40 проценти од вработените имаат дијабитис или пости ризик да го стекнат. Осумдесет проценти имаат проблеми со телесната тежина, што ги става под ризик на заболувања, вклучувајќи дијабетис и срцеви болести.

Деведесет проценти од вработените во општината Оринџ во Флорида учествуваат во програми за подобрување на начинот на живот.

Дејв Хојли вели дека таквите програми му помагаат да се справи со дијабетисот. Тој вели дека се надева оти ќе се ослободи од болеста до крајот на следната година, кога завршува владината програма.

XS
SM
MD
LG