Линкови за пристапност

Бајден во Босна за нов дипломатски почеток на Балканот


Американскиот потпретседател Џо Бајден допатува во Босна и Херцеговина, неговата прва станица на тридневната турнеја по Балканот. На Бајден во Сараево ќе му се приклучи шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана.

Според виш претставник на Белата куќа, Бајден ќе се сретне со претставници на тричленото босанско претседателство за да ја подвлече потребата од соработка што ги надминува етничките линии и постигнување на консензус. Во земјата напнатоста и натаму е голема, 13 години по Дејтонскиот мировен договор што ја подели Босна меѓу нејзиното муслиманско, хрватско и српско население.

По Босна, Бајден ќе ги посети Србија и Косово. Србија жестоко се противи на косовското унилатерално објавување на независност минатата година.

Претставник на Белата куќа вели дека Бајден не очекува Србија да ја признае независноста на Косово, но и дека Балканот нема иднина без Србија да игра важна улога на него. Ова лице подвлече дека САД се надеваат дека Србија нема да го поткопува обидот на Косово да изгради силна, независна и мултиетничка нација.

Организација на босански Срби – поранешни војници повика на мирни демонстрации во вторник против посетата на Бајден и американската улога во Босна.

XS
SM
MD
LG