Линкови за пристапност

Земјотрес ја потресе Калифорнија


Умерен земјотрес ја потресе областа на Лос Анѓелес, во западната сојузна држава Калифорнија, доцна во неделата по локално време, но засега нема извештаи за повреди и поголема штета.

Американската геолошка служба вели дека потресот бил со јачина од 5.0 според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на околу 15 километри југозападно од Лос Анѓелес.

Сведоци велат дека земјотресот предизвикал значителен потрес низ целиот регион.

XS
SM
MD
LG