Линкови за пристапност

Астронаутите на петта вселенска прошетка


Американските астронаути во понеделник ја започнаа петтата и последна вселенска прошетка за поправка на вселенскиот телескоп Хабл.

Астронаутите Џон Грунсфелд и Ендру Фастел го напуштија спејс шаталот Атлантис и започнаа речиси шестчасовна работа на заменување на батериите на телескопот, сензор и изолација.

Изолацијата беше заменета во неделата, но астронаутите наидоа на тешкотии и не беа во состојба да го завршат инсталирањето. Планерите на мисијата решија тоа да го сторат во рамки на понеделничната листа на работи кои останале за завршување.

НАСА се надева дека поправките ќе го продолжат векот на телескопот за барем уште пет години.

Во неделата, астронаутите Мајк Гуд и Мајк Масимо го заменија делот за снабдување со енергија на спектографот на телескопот, што на НАСА и дава можност да идентификува црни дупки и да следи галаксии.

Мисијата на Хабл е поопасна од другите мисии бидејќи телескопот ја споделува орбитата со отпад што останал од судири на сателити и лансирања на ракети.

Дополнителна тешкотија за астронаутите е што тие работат со предмети кои успеале да ги донесат со себе на шаталот. На мисии на Меѓународната вселенска станица астронаутите имаат доволно намирници да им траат до три месеци.

XS
SM
MD
LG