Линкови за пристапност

Прво обраќање на Мишел Обама пред дипломци на мал универзитет во Калифорнија


Првата дама на САД го избрала овој млад универзитет што постои само четири години, заради, како што кажа, настојчивоста и инвентивноста од студентите.

Кампањата за нејзиното доаѓање била необична. Со видео-порака преку Интернет, студентите од универзитетот од Калифорнија во Мерсед побарале Мишел Обама да зборува пред првата генерацијата дипломци. Тие испратиле голем број писма за Денот на вљубените на адреса на канцеларијата на првата дама во Белата куќа.

И - се исплатило.

Мишел Обама имаше прво обраќање како прва дама на САД пред првата генерација дипломци, оддавајќи им признание за нивните напори:

„Вие ме инспириравте. Ме трогнавте. Има малку нешта кои се повредни од тоа да им покажете на група студенти дека имаат моќ да ги реализираат нивните соништа. Вие успеавте“ , рече Мишел Обама.

Универзитетот од Калифорнија Мерсед е најнов и најмал од десетте кампуси при енормниот систем на Универзитетот на Калифорнија. Кампусот беше отворен во 2005-та на парче земја во централна Калифорнија, каде имало повеќе крави отколку студенти. Мишел Обама ги повика дипломираните да работат во нивните општини:

„Ви сте надеж на Мерсед и на нашата нација. Бидете дел од реализирањето на нашите сништа и надеж за следните генерации. Ние веруваме во вас“, им порача Првата дама.

Невработеноста во општината Мерсед е 20 проценти и областа е погодена со суши и опаѓање на пазарот на недвижнини. Посетата на госпоѓа Обама во малото гратче Мерсед привлече околу 25 илјади посетители, при што биле инкасирани повеќе од еден милион долари.

Во градот беа поставени два огромни монитори за оние кои останале без билети да можат да ја проследат церемонијата.

Ентузијазмот што ја следеше посетата на првата дама во Мирсид беше контраст на амбивалетноста спрема нејзинот сопруг, кој говореше во римокатоличкиот Универзитет Нотр Дам, во Индијана, каде се разгоре контроверзата заради неговата поддршка на правата за абортус.







XS
SM
MD
LG