Новиот
вирус Х1Н1 на свинскиот грип е главна точка на дневниот ред на годишното
собрание на Светската здравствена организација (СЗО) што започна во
понеделникот во Женева. Здравствените
лица ќе дискутираат за создавање на вакцина што би го спречила ширењето на
вирусот. Според СЗО, досега се потврдени
8.480 случаи во вкупно 39 земји.
Јапонски претставници во понеделникот соопштија
дека во земјата има 92 потврдени случаи на свински грип. Повеќето од заразените се студенти од
регионите Осака и Хјого.
Во САД, властите во Њујорк соопштија дека во
неделата починал помошник-директор на училиште кој бил хоспитализиран поради
свински грип од средата. Ова е
шеста жртва на грипот во САД.
Во Чиле, пак, властите ги потврдија првите два
случаја на заболувањето.