Линкови за пристапност

Обама го повика Нетанјаху да направи сериозен напредок за мир со Палестинците


Американскиот претседател Барак Обама го повика новиот премиер на Израел да ја искористи - како што ја нарече - историската можност да направи сериозен напредок во постигнување мир со Палестинците.

Обама говореше во Белата куќа по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскито претседател кажа дека е убеден во напредок во решавање на израелско-палестинскиот конфликт - „следните денови, недели, месеци“.

Обама рече дека сите инстанци од конфликтот мора сериозно да ги земат предвид обврски на кои претходно се нафатиле. Тој рече дека Израел мора да преземе тешки чекори како прекин на изградбата на доселенички населби во окупираниот дел на Западниот Брег, но и справување со хуманитарната состојба во Појасот Газа. Според Обама, во интерес на САД е Израел да остане безбеден како „независна еврејска држава.“

XS
SM
MD
LG