Линкови за пристапност

Денес средба Обама – Нетанјаху во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама ја започнува оваа работна недела со средбата со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во Белата куќа. Ова е прва нивна средба откако обајцата стапија на функциите.

Според главен соработник на Нетанјаху, тој на средбата планира да се насочи на тоа како Иран да се спречи да дојде до нуклеарно оружје, во контекст на израелската загриженост дека официјален Техеран напреднал во армискиот нуклеарен капацитет.

Нетанјаху и Обама ќе разговараат и за шансата за мир меѓу Израел и неговите арапски соседи.

Обама има изјавено дека решението што вклучува постоење на палестинска покрај израелската држава е од централно значење за неговата цел да се постигне сеопфатен мир на Блискиот Исток.

Нетанјаху, пак, има кажано дека израелско-палестинските мировни разговори треба да се фокусираат на економската помош и безбедноста наместо на палестинската државност. Тој го нема прифатено концептот на палестинска државност.
Па сепак, израелскиот претседател Шимон Перез вели дека премиерот ќе се придржува до спогодбите што ги склучиле претходните израелски влади, а во кои спаѓа и онаа популарно наречена „пат кон мирот", што се заснова на решение преку постоење на две држави.

XS
SM
MD
LG