Линкови за пристапност

Обама ќе ги обнови воените судови за притворениците во Гванатанамо


Се очекува владата на американскиот претседател Барак Обама да ги обнови воените судови за лицата осомничени за тероризам кои се држат во американската база Гвантанамо на Куба, но со нова правна заштита што претходната американска влада ја немаше обезбедено.

Виши американски претставници велат дека новиот систем ќе ја ограничи употребата на тврдења врз основа на слушнато од друго лице, ќе ги забрани доказите што се собрани со помош на груб третман, на обвинетите ќе им даде поголема слобода да изберат свој правен застапник, а ќе обезбеди и поголема заштита за приведените кои одбиле да сведочат.

Претседателот Барак Обама, кој го критикуваше како неуспешен претходниот систем што го воведе поранешниот претседател Џорџ Буш, се очекува да побара 120-дневно одложување на случаите што веќе се започнати, додека не биде воспоставен новиот правен систем. Обама ги укина воените судови кусо време откако стапи на функцијата во јануари и наложи нивна проверка, но не ја исклучи можноста дека ќе ги обнови процесите.

XS
SM
MD
LG